102 години од Кумановската битка
24.10.2014 13:50
| KumanovoNews
Српската заедница Куманово, по повод 102 години од Кумановска битка, во недела во 11 часот ќе одржи парастос на Спомен костурницата Зебарњак.
Превозот до спомен костурницата Зебрњак е организиран, тргнувањето е во 9.30 часот на Октомвриска револуција кај ординација на Д-р Ѓоше, соопштуваат организаторите.
Српска заедница во Македонија по повод 100 години од Првата светска војна организира и изложба со наслов “Србија во Првата светска војна“ во Народниот музеј - Уметничка галерија во Куманово, која ќе биде отворена утре во 19 часот.