Мени

11 октомври неработен

07.10.2014 08:59 | KumanovoNews

11 октомври - Ден на народното востание е неработен ден за сите граѓани.

11 октомври неработен

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 11 октомври 2014 година (сабота), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на  Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.