Мени

„11 Октомври“ засадиa 90 садници

31.03.2010 10:01 | KumanovoNews

Учениците од Основното училиште „11 Октомври“, по повод Денот на дрвото засадија повеќе садници, а го исчистиа и училишниот двор. Сите паралелки од прво до осмо одделение, заедно со своите учителки и наставници учествуваа во разубавување на средината во која секојневно поминуваат поголем дел од денот.

„11 Октомври“ засадиa 90 садници

Работевме по програма која предходно ја изготвивме за оваа намена. Направивме неколу работни тима од кои дел испративме во подрачните училишта во селата Којнаре и Речица, и заедно со тамошните ученици ги реализиравме предвидените активности. Овдека го исчистивме дворот и го подготвивме за засадување на цвеќе и засадивме 90 садници што добивме од македонски шуми- вели директорот Круме Младеновски.

Учениците од ликовната и литературната секција твореа на тема за екологијата, додека наставниците ги изработуваа и украсуваа училишните паноа за престојните празници.