150 наставници ангажирани на определено време
Во поседните четири години се зголемува бројот на наставници кои своите договори за вработување ги трансформираат од определено на неопределено време.
Ако во 2008 година во Куманово 35 отсто од наставниците работеле на определено време сега само 9,6 отсто од вкупниот број вработени во училиштата го имаат тој статус.
Откако наставникот ќе ги исполни условите за трансформирање на договорот, и ќе има две, односно пет години стаж, училиштето предлог доставува до општинската комсија. Оттука документите се препраќаат во Министерството за образование и се чека одлука за трансформација на договорот за вработување.
Во 22 основни и средни училишта во градот има 150 наставници кои работат по договор на определено време. Сите не ги исполнуваат условите за договор на неопределено време. Ако порано предлозите ги праќавме до Минстерството за образование еднаш во шест месеци, сега тоа може да го правиме секој месец. Постапката е забрзана и олеснета. Секогаш ќе има од 5 до 8 отсто просветни работници кои нема да бидат опфатени со договори за неопределено време бидејќи критериумите не ги исполнуваат. Порано се праќаа по 10 или 15 предлози наеднаш, сега има највеќе 3 барања кои сме ги добиле од училиштата и ги испраќаме како една пратка - рече Миле Стојменовиќ, раководител на сектор за образование при општина Куманово.
Тој додава дека за една година се очекува плус 3 отсто од наставниците да го регулираат својот работен однос. Стојменовиќ објаснува дека состојбата во образованието е многу подобрена бидејќи порано имало наставници кои и по десет години работеле на определно време. Само просветните работници кои ќе бидат на замена иако ги исполнуваат условите не можат да го трансформираат својот договор на неопределно време од проста причина што ќе се врати нивниот колега кој е отсутен.