Мени

1700 кумановци ја потпишаа петицијата на стечајците

15.05.2015 13:07 | KumanovoNews

Досега 1700 кумановци се потпишаа на петицијата на стечајците, со која се бара обештетување или вработување на оваа категорија граѓани.

1700 кумановци ја потпишаа петицијата на стечајците

Од УНИТ велат дека до крајот на месецот ќе собираат потписи, со намера да ја надминат бројката од 10.000.

Имаме добар одзив, задоволни сме. Досега имаме 4000 потписи на ниво на држава, а само во Куманово за 5 дена имаме 1700 потписи. Одевме претежно на граѓанството, а нашите стечајци уште не се потпишале. Потписи се собираат во повеќе градови на Македонија - кажа Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.

Сите кои сакаат да им дадат поддршка, можат во период од 8 до 13 часот да се потпишат на плоштад. Собраните потписи ќе бидат доставени до Собранието на РМ и Уставен суд, со цел исполнување на барањата на стечајците.