66 куќи оштетени во Тоде Мендол
13.05.2015 14:29
| KumanovoNews
Списокот што го изготви Комисијата за проценка на штети покажал дека во населбата Тоде Мендол оштетени се 66 куќа, а 121 семејство претрпело матерјална штета.
По извршената евиденција списокот е доставен до локалната самоуправа и Владата. Врз основа на овој список општината Куманово ќе подели хуманиратна помош на загрозените семејства во текот на утрешниот ден. Владата откако ќе изврши проверка на евидентираните ќе обезбеди матерјална помош во висина од 100 000 денари за секое семејство. И денеска на терен е Комисијата за проценка на штети, која својата работа треба да ја заврши во наредните десетина дена.