Мени

90 илјади денари за лицата со хендикеп во „Порака-наша„

18.04.2012 08:34 | KumanovoNews

 Министерството за труд и социјалнa политика за прв пат одобрило финасиска помош за дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години „Порака-наша„ во Куманово.

90 илјади денари за лицата со хендикеп во „Порака-наша„

Од Министерството, вчера го известиле центарот, дека им е одобрена парична помош во висина од 90 илјади денари за 5 месеци од годината.

Подршката е многу мала, но се радуваме што конечно сме вметнати во буџетот на државата, па се надеваме дека идната година сумата можеби ќе биде и поголема- вели Благица Димитровска, претседателка на центарот „Порака-наша„.

 Дневниот центар згрижува 21 лице со хендикеп, а за негово функционирање потребни 3,2 милиони денари годишно. Општината Куманово обезбедува 880 илјади денари, а останатите се собираат од доброволна помош на приватни фирми и граѓани. Центарот постои 6 години.

Во Североисточна Македонија има регистрирано 1100 деца со интелектуална пореченост, но вистинската бројка изнесува од 3 до 5 илјади.