Адиминистративците се подготвуваат за одмори
Административните работници добиваат од 20 до 26 дена годишен одмор зависно од степенот на образование и работниот стаж. Право на одмор кој трае точно 26 дена имаат судиите.
Од 15 јули до 15 август трае судското ферие. Повеќето вработени во судот се усогласуваат да можат одморот да го искористат во овој рок. Додека траат одморите, приемното одделение работи нормално. Писарницата работи постојано, а судиите дежураат.
За време на годишните одмори во судовите од прв степен се извршуваат нужни работи и тоа истраги и судења за кривични предмети кога обвинетиот е во притвор и во кривични предмети на странките кои не живеат во земјава. Истото важи и за итни прекршочни предмети, вонпарнични и извршни предмети во врска со заштита и воспитување на деца. Попис на имотот на обвинетиот, составување на тестаменти, прием на поднесоци - велат од Основен суд Куманово.
Во подрачното Министерство за финансии во одделението за управна постапка, велат дека во јули и август вработените ќе ги искористат одморите. Список веќе е подготвен за редоследот како ќе се оди на одмор.
Правото на одмор е загарантирано со закон и со Устав. Многу луѓе имаат потреба од средување на документи од имотно - правни односи. Нема да има прекин во работата. Празнина нема да се почувствува во извршувањето на обврските - велат од ова министерство.
Од Одделението за катастар Куманово велат дека секој вработен кој ќе оди на одмор ќе има соодветна замена. Во многу институции персоналот ќе има повеќе работа во текот на одморите баш заради отсуство на колегите.
Ако сега ја работам само мојата работа, за еден месец ќе имам дупло повеќе обврски за да го покријам колегата, но ќе се снајдеме - коментираат административците.
И здравствените институции ќе кубурат со кадар, но ќе се трудат максимално да одговорат на потребите.