Мени

Аџиите на преглед во Центарот за јавно здравје

14.10.2014 14:15 | KumanovoNews

 Шеесет и шест граѓани кои се вратиле од аџилак од Саудиска Арабија во последниве четири \nдена се јавиле на преглед во Центарот за јавно здравје Куманово.

Аџиите на преглед во Центарот за јавно здравје

 Прегледите покажале дека сите се во добра здравствена состојба и немаат  симптоми на ебола или други заразни болести.

“Гледаме дали има колера, евентуално респираторен синдром, маларија, ебола, се прави анализа преку крв. Од кумановска околина има 106 луѓе кои биле на аџилак. Чекаме, уште еден автобус треба да пристигне. Се се одвива нормално, работевме и за викенд “ - вели Предраг Ѓорѓиевски, епидемиолог во Центар за јавно здравје Куманово.

За аџиите кои нема да се јават во Центар за јавно здравје ќе следи прекршочна пријава од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

“Десетина од моето села беа на аџилак, добро поминале и се јавиле на лекар. Немаат никакви здравствени проблеми, се е во ред“ - кажа Ваџит Ајвази од село Опае.

Во земјава над 200 аџии се вратија од Саудиска Арабија, а деновиве се очекува околу 235 аџии да пристигнат авионски.