Мени

Акција за безбедно управување на мопед

09.02.2012 15:54 | KumanovoNews

 Кумановската полиција одржа работилница од проектот "Безбедно упрвување со мопед" за професорите од училиштата од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Акција за безбедно управување на мопед

Преставници од Одделението за превенција на надлежните од училиштата им поделија анкетни листови за ученици.

"Информациите од анкетата ќе укажат на фактот колку учениците се заинтересирани за полагање "М" категорија, а анкетирањето треба се заврши до 27 февруари со изјава од родител или старател"-вели Виолета Богдановска од одделението за превенција.

СВР во соработка со сообраќајните испитни центри на учениците ќе им обезбедена бесплатна теоретска обука, а воедно и цените за полагање за оваа категорија се значајно намалени и изнесуваат 410 денари.

"Целта на овој проект е подигнување на свеста и културата за безбедноставо  сообраќајот", вели управителот на испитен центар од "Топ Драјвер", Африм Емили.

Во овој проект влегуваат сите училишта од  општините кои ги покрива СВР Куманово. Проектот се реализира во рамки на активностите на МБР како активен поддржувач на глобалната децениска кампања за зголемување на безбедноста на патиштата под мото "Време е за акција".