Мени

Акција за чистење на населбата„Гоце Делчев„

17.09.2010 14:41 | KumanovoNews

Продолжува акцијата на вработените во ЈП „Чистота и зеленило„ и локалната самоуправа за чистење на јавните површини во градот. Утре ќе се работи во населбата „Гоце Делчев„ на потегот од училиштето „Кочо Рацин„ до градинката.

Акција за чистење на населбата„Гоце Делчев„

 Ќе се чисти отпад, смет, шут и дивите депонии што несовесните граѓани ги прават. Истовремено сакаме да создадеме услови за нови зелени површини, спортски терени, тротоари и се она што е неопходно на граѓаните за урбано живеење - вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

Акцијата ќе трае до 15 часот, а ќе учествуваат над 20 вработени и механизацијата на ЈП „Чистота и зеленило„. Организаторите на акциите ги повика граѓаните од месната зедница помасовно да се вклучат во чистење на нивната околина, бидејќи само така ќе има резултати во работата.