Мени

Активирано свлечиште во село Отља

11.04.2015 11:07 | KumanovoNews

Во липковското село Отља вчера се активирало свлечиште, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Активирано свлечиште во село Отља

Свлечиштето со површина од 1000 квадрати, зафатило една куќа од селото и потпорен ѕид од дворот, но истото не предизвикало оштетувања на електродистрибутивната, водоводната мрежа и други објекти. Од општина Липково излегле на терен и во наредните денови ќе преземат мерки за санирање на свлечиштето.