Мени

“Аман“ закажа протест за сабота

02.10.2012 11:53 | KumanovoNews

 Граѓаните во сабота напладне по седми пат мирно ќе протестираат на Градскиот плоштад против поскапувањата на енергенсите.

“Аман“ закажа протест за сабота

Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да дадат свои предлози да дојдат во Соколански парк во петок во 18 часот. Можат да кажат за она што не им се допаѓа во поглед на економските политики и да предложат начин како да се заштити нивниот стандард. Засега сме насочени против поскапувањето на бензинот и струјата, а за понатаму ќе видиме бидејќи имаме некои сугестии од луѓето кои протестираат - вели Петар Чуриќ, од “Аман“.

Терминот за протестирање е сменет бидејќи меѓу членовите на “Аман“ има студенти кои во работните денови се зафатени.