Анализа на почвата е задолжителна за лозарите
Оние кои сакаат да подигнат нови насади со лозје и да добијат субвенции од државата треба да направат хемиска анализа на почвата во Земјоделскиот институт во Штип или Скопје.
Ако не поседуваат ваков извештај, документацијата на лозарите ќе се смета да некомплетна.
Мора да се испита хемискиот состав на почвата за да се види кои микро или макро елементи ги има. Можеби има калиум , фосфор повеќе. За времето на СФРЈ анализите беа задолжителни за сите земјоделци. И за житарици и овошни насади треба да се има вакви информации. Врз основа на анализата ќе му се препорача на земјоделецот кои ѓубрива да ги употребува - велат од Здружението на земјоделски производители Куманово.
Многу земјоделци се откажуваат од вакви анализи бидејќи сметаат дека се скапи. Хемиската анализа на почвата чини околу 3000 денари.