Армиските и полициски ветерани подготвуваат билтен
По повод празникот 11 октомври, Здружение на армиски и полициски\n ветерани Куманово, подготвува информативен билтен во кој ќе бидат \nсодржани информации за активностите кои досега ги реализирале.
Билтен се подготвува за прв пат и во 100 примероци ќе биде објавен со средства собрани од донации.
“Членовите ќе имаат информација за збиднувањата во нашето здружение. Ова е пилот проект, со информации и за нашите ограноци од Кратово, Крива Паланка, Старо Нагоричане и секако седиштето во Куманово. Ако успееме, ако биде интересно, ако најдеме средства, ние како здружение кое само се финансира и не сме поддржани од никој може да продолжиме. Дали ќе биде тоа на месец, на три месеци не знаеме“ - вели Кирил Соларски, организационен секретар во здружението.
Примероци од билтенот ќе бидат поделени на членовите на Здружение на армиски и полициски ветерани.