Мени

Асфалтирана улицата “315“ во Ајдучка Чешма

09.11.2012 15:30 | KumanovoNews

 Во населбата Ајдучка Чешма денеска беше пуштена во употреба ново асфалтираната улицата “315“.

Асфалтирана улицата “315“ во Ајдучка Чешма

- Ајдучка Чешма е една од најголемите урбани заедници. Во договор со граѓаните лани го договоривме овој проект, направена е проектна документација, дадена дозвола, и завршена е оваа улица. Улицата е долга 625 метри, а за нејзино асфалтирање потреошени се 5.8 милиони денари. Сега останува да се решат тротоарите и изливните содржини од проектот. На овој начин докажуваме дека како што е зацртано во нашата развојна програма, секоја урбана заедница да има еднакви права и можности со решавање на канализациона, водоводна мрежа, пат, осветлување и урбано живеење - вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

Годинава половина од проектите од развојната програма се за приградските населби. Дамјановски најави дека и во новата програма се планирани многу спортски содржини и игралишта, бидејќи во овој дел има млади луѓе.

Месното население кажува дека улицата била постојано под вода и потсетувала на бара, па тие многу тешко се движеле по неа.

Од кал и блато ниукаде не можевме да мрднеме. Сега е подобро, а веруваме дека градоначалникот ќе изгради и тротоар за да можат децата безбедно да одат на училиште- велат жителите.