Автобусот на ЕУ ќе го посети Черкеско село
30.04.2015 15:19
| KumanovoNews
Автобусот на ЕУ на 18 мај во 11 часот ќе го посети Черкеско село, поточно основното училиште “Јероним Де Рада“.
Автобусот ќе посети повеќе села низ Македонија, како дел од одбележувањето на 9 мај-Денот на Европа. Граѓаните одблизу ќе можат да се запознаат со Европската Унија, програмите кои ги нуди за ученици, студенти и друго.
Автобусот на ЕУ ќе ги посети и Порој, Кривогаштани, Чегране, Конче, Негорци, Петровец, Пласница, Облешево и Просениково.