Мени

Бедиње и шест улици без вода

19.09.2012 06:59 | KumanovoNews

Утринава вода нема во населбата Бедиње и на шест улици во центарот на градот.

Бедиње и шест улици без вода

Без вода за пиење се граѓаните кои живеат на улиците “Гоце Делчев“, “Никола Вапцаров“, “Александар Здравковиќ“, “Солунска“, “Османов рид“ и “Правда Спасовска“. Вработени од ЈП“Водовод“ веќе се на терен и во најбрз можен рок се очекува дефектите во водоводната мрежа да бидат отстранети.

Други прекини во снабдувањето со вода утринава не се регистрирани.