Мени

Бесплатна рехабилитација на деца со телесни пречки

01.10.2014 12:06 | KumanovoNews

Министерството за труд и социјална политика ги повикува родителите кои имаат деца со телесни пречки во развојот на возраст од 6 до 26 години да се пријават за бесплатна рехабилитација во Бања Банско во Струмица. 

Бесплатна рехабилитација на деца со телесни пречки

Oваа услуга може да ја користат деца со церебрална парализа, децата кои имаат пречки во телесниот развој или  комбинирани пречки (со примарен телесен инвалидитет) кои се корисници на  посебен додаток. Ќе се опфатат децата кои живеат во биолошки семејства како и тие кои се сместени во згрижувачките семејства.

Рехабилитацијата ќе трае 5 дена и ќе може да се искористи во ноември годинава. Барања може да се поднесуваат во Центар за социјални работи Куманово се до 20 октомври. 

Се планира на бесплатна рехабилитација да заминат 1000 деца.