Мени

Бесплатно мерење на притисок на граѓаните

07.04.2015 12:22 | KumanovoNews

Ученици од медицинската струка во „Наце Буѓони“, денеска во трговскиот центар „Сума“ мереа притисок на граѓаните.

Бесплатно мерење на притисок на граѓаните

Оваа акција е организирана по повод Светскиот ден на здравјето, кој се одбележува денеска. Учениците на граѓаните им укажуваа дека треба да внимаваат на исхраната и повеќе да се движат.

Учениците мерат крвен притисок и ги анкетираат граѓаните за тоа колку здраво се хранат и дали нашите сограѓани редовно се движат, бидејќи движењето е составен дел на нашето здравје. Би им препорачале на граѓаните редовно да се движат, барем 15 минути дневно да пешачат - изјави Ленче Горшевска Ангеловиќ, професор по здравствена струка предмети во „Наце Буѓони“.

Повозрасните граѓани покажаа поголем интерес за мерење на притисок.

Се е во ред, притисокот ми е добар. Кај лекар редовно го проверувам притисокот. Ми советуваа да пешачам, и јас сакам да пешачам. Често пешачам со внуци, кога времето е убаво. За храна си знам што треба да јадам, да биде здрава храната - кажа Љубица Петревска, граѓанин.

Традиционално секоја година учениците од „Наце Буѓони“ со различни активности го одбележуваат 7 април-Светскиот ден на здравјето.