Без струја неколку улици во Куманово
18.09.2014 07:32
| KumanovoNews
Неколку улици во центарот на Куманово денеска се без напојување со електрична енергија.
Од 9 до 14 часот струја ќе немаат граѓаните од улиците “Живко Чало“, дел од “Трета МУБ“, “Моша Пијаде“, “Егејска Македонија“ и “Драган Стопаревиќ“. Планираните исклучувања се заради технички зафати во мрежата, велат од ЕВН Македонија.