Мени

Без вода двете касарни во градот

18.11.2010 09:31 | KumanovoNews

 Касарните „Кристијан Тодоровски Карпош„ во населбата Бедиње и „Боро Менков„ денеска ќе останат без вода за пиење поради дефект на водоводната мрежа.

Без вода двете касарни во градот

Прекин во водоснабдувањето има и на ул. Тонко Димнов. Од ЈП „Водовод„ информираат дека екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот. Останатите делови на градот се со нормално водоснабдување.