Мени

Безбедноста во Куманово на задоволително ниво

27.05.2015 13:37 | KumanovoNews

Безбедносната состојба во градот е стабилна, тврди командирот на Полициска станица Куманово, Антон Витковски пред советниците.

Безбедноста во Куманово на задоволително ниво

Безбедноста е на задоволително ниво, иако има направени бункери пред СВР Куманово и во два наврати беа блокирани улиците “11 Октомври„ и „Тодор Велков“. Тоа беше направено поради сигурноста на државните објекти во центарот. Сите ве повикувам доколку имате било какви информации веднаш да ги доставите до СВР Куманово - рече Витковски.

Тој изрази жалење за загинатите полицајци, за кои рече дека биле искусни, професионални, а  пред се добри луѓе, а граѓаните ги повика да не подлегнуваат на провокации. На седницата градоначалникот Зоран Дамјајновски се пожали дека на 9 и 10 мај немал координација со СВР Куманово, и информации за случувањата добивал од сајтот на МВР.