Мени

Библиотеката ќе се збогати со 400 наслови

18.05.2012 09:16 | KumanovoNews

 По секој саем на книгата, библиотеката прави избор на наслови и набавува белетристика.

Библиотеката ќе се збогати со 400 наслови

За неполн месец кумановската библиотека ќе добие 400 нови наслови од познати домашни и странски автори од дваесетина издавачи. Бидејќи книгите се купуваат во два примерока или повеќе, до крајот на месецот ќе има плус 1000 дела.

Ги следиме интересите и потребите на читателската публика. Ќе се набави слободна литература од скоро сите жанрови. Ќе има криминалистика, љубовни романи, есеи, критика, поезија - изјави Нада Ивановска, директор на библиотеката “Тане Георгиевски“.

Изборот на делата го врши комисија од библиотекари. Со книжевниот фонд од 180 000 примероци, кумановската библиотека е меѓу најбогатите во земјава.