Благајникот на “Водовод“ ќе одговара за проневерата
На барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, директорот на јавното претријатие “Водовод“, Виктор Божиновски изнесе детали околу последните злоупотреби направени од вработените.
Благајникот го оштетил “Водовод“ за 1 447 000 денари во рок од пет години. Тој е отстранет од работното место и му е изречена мерка домашен притвор. Против него е поднесена кривична пријава.
Директорот Божиновски вели дека веднаш по откривање на случајот е формирана дисциплинска комисија и за овој случај се врши вештачење.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека директорот и менаџерскиот тим не знаат што се случува во нивното претпријатие и дека работат со загуба. За вториот случај на злоупотреба на службената положба Божиновски се информирал од медиумите и од соопштението на СВР Куманово.
Ние не сме откриле дека со тие договори без печат е направена некаква противправна имотна корист ниту за работникот, ниту за трето лице. Претпријатието не е оштетено и од наша страна не е пријавено во полиција. Не можам да коментирам, оставам органите да го истражат случајот- вели Божиновски.
Вториот вработен против кој се води постапка најверојатно е раководител на мрежи. И двете советнички групи се сложија дека доколку некој ги прекршил законите треба да одговара.
С.А.