Богата програма за 11 Октомври
Со повеќе културни и спортски манифестации ќе се одбележи 11 Октомври - Ден на народното \nвостание и Ден на борецот.
Од локалната самоуправа Куманово информираат дека вечерва на Градскиот плоштад со почеток во 19.30 часот ќе се одржи Републичка смотра на фолклорни ансамбли “Куманово 2014“.
Утре во 11 часот делегации ќе положат цвеќе на Спомен Костурница каде ќе има пригодина програма. На атлетскиот стадион „Соколана“ во 12 часот ќе се одржи атлетски митинг “11 Октомври“ и државно првенство во машка и женска категорија. Од 13 до 17 октомври ќе се одржи Фестивал на новиот германски филм организиран од МКЦ “Козјак“ и германска амбасада. На 19 октомври на Градски кеј во 12 часот ќе има велосипедска трка “Трофеј 11 - ти Октомври 2014“ организирана од велосипедски клуб “Вело - М“ и Општински сојуз на спортови Куманово.
Претходните денови во чест на празникот беше организиран планинарски марш “Појак калман“, во Гимназија “Гоце Делчев“ имаше турнир во пинг - понг, а борците одржаа свечена седница.