Богослужби за Божиќ
На втор ден Божиќ во црквата „Свети Никола„ ќе чинoначалствува митрополит Полошко-Кумановски господин Кирил.
По повод големиот празник Христовото раѓање-Божиќ во двата градски храма ќе се одржат свечени литургии.
На 6 јануари Бадник во 15 часот, вечерна богослужба и Света Божестевена литургија, потоа богославување и палење на бадниково дрво. Верниците ќе бидат послужени со топла ракија, чај, ореви и костени.
На 7 јануари Рождество Христово, во 7 часот утрено богослужение, во 8 часот свечена божестеван литургија.
На 8 јануари Собор на пресвета Богородица, во 7 часот утрена богослужба и Света литургија.
Во 9 часот во црквата „Свети Никола„ ќе чинoначалствува митрополит Полошко-Кумановски господин Кирил, а ќе пее црквениот хор „Марија Магленска„.
9 јануари Авети Архиѓ и првомаченик Стефан, во 7 часот утрено богослужение, а во 8 часот литургија.