Мени

Борците избраа ново раководство

29.03.2010 14:43 | KumanovoNews

 Среќко Поповски е избран за нов претседател на Општинскиот одбор на Сојузот на борците во Куманово.

Борците избраа ново раководство

 На денешното изборно собрание за потпретседател беше назначен Цоки Ристевски, секретар Виолета Деур, а избрани се и 23 члена на општинскиот одбор.
Во дискусијата околу одржувањето на спомениците и спомен-обележјата од НОБ во Куманово  и Кумановско борците се заложија за поголемо внимание и учество на локалните самоуправи на Куманово,Старо Нагоричане и Липково таму каде што се наоѓаат овие споменици и спомен-обележја и кои во иднина треба да се негуваат како културно-историски вредности.
  Градоначалникот Зоран Дамјановски појасни дека одржувањето на спомениците кои имаат пошироко општествено значење и се од нациионален карактер за нивното одржување е задолжена државата,а спомен-обележјата се во ингеренции на локалната самоуправа.Тој потенцираше дека локалната самопуправа Куманово ќе стори се што е во нејзина надлежност овие спомен обележја да бидат адекватно одржувани.
 Општинскиот одбор на Сојузот на борците констатираше дека календарот за одбележување на значајни историски настани И личности успешно се реализеша во изминатиот четиригодишен период  при што на одбележувањето е забележано масовно присуство на граѓаните,локалните власти,политичките субјекти,невладиниот сектор , учениците И други.
На денешното изборно собрание присуствува и почитувачите на Народноослободителната антифашистичка војна, АРМ, претставници на локалната самоуправа Куманово, резервните воени старешини и други гости. Најмногу внимание  беше посветено на Извештајот за едногодишното работење и активностите на Општинскиот одбор на Сојузот на борците.