Мени

Божиновски во УО на Стопанска комора

11.03.2010 16:08 | KumanovoNews

Виктор Божиновски, директор на ЈП „Водовод“ од вчера е нов член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. Божиновски е избран на предлог на претседателот на СКМ Бранко Азевски.

Божиновски во УО на Стопанска комора

Јас сум единствен претставник од Општина Куманово и единствен претставник на јавните претпријатија од целата држава. Мои задачи ќе бидат да работам на проблемите со кои се соочуваат јавните претпријатија и да ги конкретизирам нивните барања во форма на предлози до Владата и надлежните министерства. Стопанството  во Куманово е речиси замрено и моја задача е да оставрам контакти со стопанските субјекти и да предложам мерки за надминување на натрпаните проблеми - вели Божиновски.

Тој вели дека му претставува посебна чест што е дел  од најголемата бизнис заедница во државата каде членуваат  15 .000 стопански субјекти.