Мени

Брендирани часовници и накит во My Time

07.10.2014 11:49 | KumanovoNews

Одлични парчиња на брендирани часовници и накит од познати светски \nпрендови ве очекуваат во ново отворениот продажен салон на My Time во \nКуманово.

Брендирани часовници и накит во My Time

My Time е компанија со семејна традиција која потекнува од 1920 година, а се занимава со продажба, дистрибуција и сервисирање на високо квалитетни часовници и накит. My Time работи со 14 светски познати и реномирани брендови за часовници и накит Casio, со подбрендовите G-Shock, Edifice, Protrek, Casio Collection и Baby-G, Just Cavalli, Guess, Esprit, Miss 60, Sector, Cerruti 1881, Jacques Lemans и Jacques Farel Kids. Освен часовници и накит, My Time располага и со огромен асортиман на оригинални кожни ремчиња од групацијата Morellatо.

Отварањето на продажниот салон на My Time во Куманово е одговор на желбите и побарувањата на нашите потрошувачи. Сметаме дека Куманово е високо урбанизиран град чии жители знаат да препознаат одличен квалитет и дизајн на оригинално и брендирано парче накит или часовник. Модните фанови ќе се согласат дека часовникот повеќе не е само прикажувач на времето, туку и препознатлив знак на индивидуалниот стил и карактер на личноста. Ги повикуваме сите љубители на квалитетни часовници и накит да не посетат во нашиот продажен салон во Куманово и да го одберат своето омилено парче - велат од My Time.

Нивна цел е да ги задоволат вкусовите и потребите на најпребирливите купувачи. Визијата кон која се ориентирани е секогаш кога некој во Македонија ќе посака да купи брендиран часовник или парче накит, да помисли на My Time.

Како секоја современа компанија која се труди да ги задоволи сите потреби на своите потрошувачи, My Time има своја е-продавница www.mytime.mk. Сите клиенти кои ќе се одлучат да го купат својот омилен производ од нашето портфолио преку он-лајн продавницата, добиваат бесплатна испорака во рок од 24 часа, без разлика на кој дел од територијата на Република Македонија се наоѓаат - додаваат од My Time.

My Time располага со сопствен сервис кој се наоѓа во продажниот салон во Градскиот Трговски Центар во Скопје. Секој часовник од портфолиото на My Time поседува 2 годишна гаранција за квалитет на механизмот. Сите поправки на часовници ги врши сертифициран сервисер кој поседува долгогодишно искуство во областа на часовничарството.

My Time има три свои продавници во Скопје, односно во Градскиот Трговски Центар, Рамстор и Сити мол, поседува своја продавница во Palma Mall во Тетово, а од неодамна ја отворија и петтата по ред продавница на My Time, во центарот на Куманово.

Дополнително, брендовите кои се застапени во My Time може да се најдат на околу 30 продажни места низ целата република.

За било какви информации контактирајте ги на [email protected] или на телефонскиот број 02 3 126 468.