Мени

Брзата помош работи со полна пареа

19.07.2012 10:05 | KumanovoNews

По 25 интервенции преку ден и исто толку ноќе реализира Итната помош во последниве денови. Екипите на Брзата помош дневно имаат над 30 домашни посети.

Брзата помош работи со полна пареа

Интервенираме кај луѓе со срцеви заболувања , астма, висок притисок. Зголемен е бројот на сообраќајки посебно со мотори. Заради високите температури има вируси, проливи кои ги напаѓаат луѓето со слаб имунитет. Само во недела од 8 до 16 часот имавме 70 прегледи и 100 интервенции - велат од Брза помош.

Секојдневно 20 до 30 луѓе примаат инфузија во домашни услови.