Брзата помош работи турбо
Само во последниве седум дена екипите на Брза помош во болница транспортирале 50 пациенти и направиле над 40 прегледи. Обемот на работа е зголемен поради високите температури.
Итна помош повикуваат главно постари лица. Некои од нив беа пренесени на интерно одделение, имаше хронично болни и пациенти со кардиоваскуларни заболувања, со психички растројства и со мозочни удари. И покрај препораките граѓаните да не се изложуваат на сонце, се случува на јавни места луѓе да колабираат, па и тогаш интервенираме - вели Емилија Стојановска, главна сестра во Брза помош.
Во изминавата седмица се реализирани и над 155 домашни посети.
Лекарите апелираат до граѓаните да бидат дисциплинирани и да не излегуваат на отворено во периодот од 11 до 16 часот. Да престојуваат во сенка и климатизирани простории и да внесуваат повеќе течности и да конзумираат лесна храна.