Мени

„Бувљакот“ од ноември во Долно Којнаре

16.10.2014 15:25 | KumanovoNews

Продавачите на стари предмети и облека, кои неодамна беа отстранети \nод паркингот кај спортската сала, од ноември ќе добијат простор за \nработа на Добиточниот пазар во селото Долно Којнаре.

„Бувљакот“ од ноември во Долно Којнаре

Тие ќе можат да продаваат три дена во неделата и тоа четврток, сабота и во недела.

“По неколкудневни преговори со пазарџиите и со јавното претпријатије “Пазаришта“ дојдовме до решение на проблемот со нелегалниот пазар т.н. “бувљак“. Советот на општина Куманово во најкраток можен рок ќе донесе одлука,покрај во сабота, пазарот да работи и во четврток и недела. Пазарот ќе биде организиран од ЈП “Пазаришта“ и ќе се наплаќа според тоа колку површина ќе биде закупена“ - вели Вера Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор во општина Куманово.

Во меѓувреме инспекции вршат контроли на терен и дивите продавачи се известени дека не смеат да продаваат на јавни површини во градот.