Ќе излезе од печат „Пензионерски информатор“
Новиот 23 број на “Пензионерски информатор“ е подготвен и ќе излезе од печат деновиве. Од понеделник списанието ќе биде достапно за пензионерите по ограноци.
Има интерес за читање. “Пензионерски информатор“ излегува цели десет години и тоа по два броја годишно се печатат на македонски и на албански јазик. Имаме Комисија за информирање која го подготвува списанието. Ние ги промовираме нашите активности, најдобрите спортисти, а има и текстови кои излегуваат и во “Пензионер плус“ кој ја покрива цела држава. Можат и со отворени писма пензионерите да се обратат - велат од Здружение на пензионери Куманово.
Само во неколку градови во Македонија пензионерите имаат јавни гласила. Вкупно на македонски и на албански јазик во 36-те ограноци во Куманово, Липково и Старо Нагоричане ќе бидат поделени 700 примероци.