Ќе се дебатира за Законот за бесплатна правна помош
27.05.2012 08:40
| KumanovoNews
Утре ќе се одржи јавна дебата за Законот за бесплатна правна помош.
На дебата се поканети адвокати од Куманово, претставници од Министерството за правда и од Министерството за труд и социјална политика. Анализата “Бајка или реалност“ се однесува на бесплатната правна помош во Македонија. За потребата од ваква помош ќе говори Данче Даниловска Бајдевска, од Фондација отворено општество Македонија.
Настанот во организација на Националниот Ромски Центар, а ќе се одржи во 11 часот во ресторанот “Рим-Парис“.