Мени

Ќе се формира Здружение на лиценцирани таксисти во Куманово

30.03.2015 09:34 | KumanovoNews

Во Куманово наскоро ќе се формира Здружение на лиценцирани такси превозници, кое ќе ги штити интересите на лиценцираните таксисти и ќе се бори против нелојалната конкуренција.

Ќе се формира Здружение на лиценцирани таксисти во Куманово

Одлуката за формирањето на едно вакво здружение е донесена вчера, а легалните таксисти во иднина ќе бараат почести контроли за поседување на лиценци.

Ќе бараме да се обележат такси постројките со хоризонтална и вертикална сигнализација и тоа да биде направено во координација со претставници на здружението, како и да бидат определени нови такси постројки на соодветни места. Иницијативниот одбор сака да напомене дека на овој чекор се принудени такси превозниците поради се потешкото обезбедување на средства за тековно одржување на возилата како и поради бројните законски давачки на кои подлежат, пред се најскапата лиценца во Македонија која мораа да ја платат однапред до 2018 година - велат од Иницијативниот одбор за формирање на Здружение на лиценцирани такси превозници.

Од Иницијативниот одбор велат дека не се поврзани со ниту една политичка партија, но располагаат со 550 такси возачи и таа бројка ќе ја искористат за креирање на јавното мислење и политики.