Ќе се гради патот Никуљане - Челопек
14.10.2014 09:20
| KumanovoNews
Ќе се гради патот Никуљане - Челопек во должина од 2,9 км за што ќе бидат потрошени 16 милиони денари.
Дел од парите се од општинскиот буџет, а остатокот се добиени преку Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
“Со изградба на овој локален пат жителите на оваа општина имаат повеќе бенефити како што е олеснување на движењето на луѓето помеѓу двете села, но и воопшто во самата општина, скратување на трошоците“ - изјави Давор Арсиќ, портпарол на општина Старо Нагоричане.
Градежните активности ќе ги изведува фирмата “Лабина трејд“ од Гостивар и се очекува до крајот на годинава патот да биде готов.