Мени

Ќе се конзервираат фасади на две куќи на “Иво Лола Рибар“

10.06.2015 12:37 | KumanovoNews

Ќе се конзервираат фасадите на две стари куќи лоцирани на улицата “Иво Лола Рибар“ во Куманово, информираат од Министерството за култура.

Ќе се конзервираат фасади на две куќи на “Иво Лола Рибар“

Конзервацијата ќе ја извршат луѓе од Националниот конзерваторски институт, така што индивидуална куќа на наведената улица со број 37 ќе биде опфатена годинава, а за следната година се планира конзервација на куќата со број 9. Целта на проектот е да се сочува автентичната македонска архитектура, преку санирање на фасади. Проектот на Министерството за култура и Владата се реализира во повеќето градови во земјава.