Мени

Ќе се легализира земјоделската механизација

20.06.2012 08:11 | KumanovoNews

 Подготвен е предлог закон за измени и дополнување на Законот за земјоделска механизација со кој ќе се овозможи земјоделските машини да се легализираат.

Ќе се легализира земјоделската механизација

Има земјоделска механизација, трактори, кои се од времето на СФРЈ и луѓето од незнаење, од невнимание, или пак мислат дека е голем трошок не ги регистрирале машините. Во Министерството за земјоделство ќе треба да донесат документ со кој ќе потврдат дека механизацијата ја купиле. Со ова механизацијата ќе биде регистрирана. Само се чека законот да биде изгласан и штом ќе се објави во Службен весник земјоделците ќе можат да почнат со постапката - велат од ресорното министерство.

Досега земјоделците плаќале казни бидејќи возеле нерегистрирани трактори. Во соработка со Министерствата за економија и за внатрешни работи овој проблем ќе се надмине.