Мени

Ќе се оддржи јавна расправа за Стратегијата за информатичко општество

24.09.2012 08:17 | KumanovoNews

  Во зградата на поранешен Комитет денеска во 14 часот ќе се оддржи јавна расправа за Стратегија за информатичко комуникациска технологија за период 2012 - 2016 година што беше изгласана на седница на Советот на општина Куманово.

Ќе се оддржи јавна расправа за Стратегијата за информатичко општество

Сите заинтересирани граѓани и субјекти кои делуваат на локално ниво во сферата на информатичко комуникациски технологии ,  можат да земат активно учество со своите предлози, забелешки, идеи и сугестии кои ќе ги достават до Општина Куманово - одделението за ИТ или одделението за стратешко планирање во писмена форма. Нацрт Стратегијата може да се најде на официјалната web страна на Општина Куманово.

Jавната расправа официјално отпочна од 21 Септември и ќе трае до 05 Октомври 2012 година.