Мени

Ќе се предвидува опасноста од пожари

18.06.2012 12:07 | KumanovoNews

  Врз основа на метеоролошките параметри измерени секој ден до 14 часот, Дирекцијата за заштита и спасување ќе прават проценки дали постои ризик од појава на пожари за наредниот ден.

Ќе се предвидува опасноста од пожари

Ќе се земе во предвид влагата во вегетацискиот горлив материјал, максималната температура на воздухот и засенетост на вегетацискиот материјал.

Ризик од трет степен ќе се предвиди ако има 30 одсто шанси за избувнување на пожар. Ризик од втор степен е ако има 30 до 80 проценти можност за пожар. Ако од 80 до 100 одсто има шанси да дојде до пожар, тогаш тоа е опасност од прв степен. Ќе се зема во превид брзината на ветерот и дали тој дува константно или само ударно.

Врз основа на овие податоци ќе се прецизира и степенот на мобилност кај екипите кои се задолжени за заштита од пожари.