Мени

Ќе се продолжи ли зимскиот распуст на кумановските ученици?

18.01.2012 08:47 | KumanovoNews

 Поради студот и ниските температури се пролонгираат зимскиот распуст на  учениците во неколку градови во државата.

Ќе се продолжи ли зимскиот распуст на кумановските ученици?

Нема информации дали таква одлука ќе донесат и надлежните институции во градот. Во Куманово нема голем студ и снег, но училиштата кубуреа со нафта и на крајот на првото полугодие, па ученицата кажуваа дека не се доволно топли училниците и на часови седеа во јакни.

Ако во петок се тргне на настава, и тука ќе биде проблем ладните училници да се затоплуваат само за еден ден.

Од Министерството за образование и наука налагаат одложениот школски ден треба да биде надоместен.