Ќе се прошири терминалот на Табановце
29.06.2015 12:44
| KumanovoNews
Постојниот терминал за увоз и извоз на стоки на граничниот премин Табановце ќе се прошири, информираат од Царинска управа на Македонија.
Терминалот ќе добие плус 4000 метри квадратни површина и нови помошни објекти. За оваа инвестиција се обезбедени 1.9 милиони евра од ИПА фондовите, а избрана е и фирма која ќе ја подготви градежно - техничката документација до крајот на годинава. За подобрување на протокот на граничните премини, слични зафати ќе има и на граничен премин Ќафасан.