Мени

Ќе се реновира ОУ “Браќа Миладиновци“

05.11.2012 13:08 | KumanovoNews

Најстарото основно училиште во градот ќе се реновира со грант од 200.000 евра, кој Министерството за образование ги обезбеди од Централната европска банка.

Ќе се реновира ОУ “Браќа Миладиновци“

Напролет ќе се изврши замена на прозорците и вратите, а ќе се обноват подовите, санитарните јазли и фасадата. 30 години немало реновирање во ова училиште.

Последно што е направено е покривот со локалната самоуправа и УСАИД во 2007 година и оттогаш немало никаков зафат. Тие пари ќе бидат добредојдени за решавање на енергетска ефикасност, во однос на прозорци и внатрешни врати, и секако подовите. Овој грант е секако за поздравување. На кој начин и како се воспоставени критериумите тоа го знаат во Министерството за образование. Немаше никаква процедура, но имаме претходни наши апликации кои сме ги доставувале за она што е ОУ “Браќа Миладиновци во градот“ - рече директорката Марина Манојловска.