Мени

Ќе се сечат старите дрвја во парковите

17.08.2012 09:21 | KumanovoNews

 Општина Куманово во соработка со ЈП “Македонски шуми“ ќе почне акција за остранување на старите небезбедни дрвја од парковите во градот. Од општината велат дека некои дрвјата се стари и по 50 години.

Ќе се сечат старите дрвја во парковите

Тоа се разгранети и зрели дрвја кои можат да паднат и да нанесат штета. За ова е разговарано и на седница на Советот на општина Куманово. Имавме состаноци со “Македонски шуми“ со кои имаме добра соработка и ова го правиме за поголема безбедност. Ќе реагираме по барања на граѓани. Дрвјата се во сопственост на Република Македонија. Ќе бидат опфатени дрвјата во двата парка, соколанскиот и паркот кај стадионот - објаснува Вера Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор во општина Куманово.

Дел од дрвјата се маркирани од страна на инспектори по шумарство и во септември ќе бидат тргнати од јавните површини.