Ќе се скратат ли часовите во училиштата?
Директорите на средните училиште побарале да се скратат часовите во училиштата поради ниските температури. Сите одлуки за прекин на наставата и скратување на часовите ги неси Советот, а да ги одобрува Министерството за образование.
Во сите основни и средниу училишта во градот настават се одвива тековно. Според Секторот за образование во Општината Куманово, училиштата засега не се соочуваат со посебни проблеми поради ниските температури. Единствено во селото Сопот постои можност учениците утре да ја прекинат наставата, бидејќи денеска возилото не можело да отиде до училиштето, па децата морале дел од патот да го поминат пешки. Ако продолжат врнежите од снег и го завее локалниот пат, децата утре ќе останат дома.
Директорите на средните училиште побараа да се скратат часовите во училиштата поради ниските температури. Доколку тоа во писмена форма се достави до секторот, ние ќе го разгледаме и во договор со градоначалникот и Советот, ако постојат услови ќе го прифатиме. Сите одлуки за прекин на наставата и скратување на часовите треба да ги донесе Советот на Општината, а да ги одобри Министерството за образование- вели Миле Стојменовиќ, раководител на секторот за образаование.
Дел од директорите на училиштата стравуваат дали ќе имаат доволно нафта за затоплување на училиштата со оглед на тоа што поради ниските температури потрошувачката е енормно зголемена, а по завејаните патишта тешко ќе се врши дорут на новите нарачани количини.
Во некои општини во Скопје донесена е одлука заради ниските температури, наставата во сите основни училишта до петок да започнува во 09:00 часот, а часовите да бидат скратени за 10 минути и да трајат само 30 минути.