Мени

Ќе соработуваат општините Вождовац и Старо Нагоричане

31.10.2012 13:59 | KumanovoNews

 Делегација на Општина Вождовац, Белград, викендов престојуваше во посета на Општината Старо Нагоричане, каде потпишаа меморандум за соработка.

Ќе соработуваат општините Вождовац и Старо Нагоричане

Меморандумот го потпиша градоначалникот Миодраг Јовановиќ и заменик началникот на општинската управа, Марко Денчиќ.

При тоа беше договорено, покрај меѓународната соработка помеѓу двете општини,  посебно да се интензивира соработката на полето на културата, стопанството, туризмот и помеѓу малите и средни претпријатија. Ние не можеме да се споредуваме со една толку развиена и урбана општина, но ќе се обидеме да преземеме некои искуства кои можат да се применат кај нас- вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

Делегацијата на општина Вождовац ја сочинуваа и Михаило Петровиќ и Дејан Васовиќ.