Ќе штрајкуваат ли кумановските лекари?
Советот на синдикатот на Македонија утре ќе оддржи состанок и ќе се разговара за штрајкот на лекарите, кој е планиран за 24 месецов. Причината за штрајкот е што лекарите се незадоволни од плаќањето по учинок.
И кумановските лекари деновиве ќе имаат повеќе информации за тоа што понатаму и дали ќе го поддржат генералниот штрајк.
Немој да наседнуваат новинарите на она објаснување кое се дава по медиумите дека лекарите имаат плата од 600 евра. Основната плата на општ лекар е до 23.000 денари. Специјалист со дежурства не може да ја достигне таа сума од 600 евра, тие земаат до 28.000 денари. На клиника во Скопје лекарите имаат за 20 отсто повисоки примања. Значи дека виша сестра од клиника може да земе поголема плата од лекар во провинција. Која е разликата во обврските. Сестрите претежно заверуваат рецепти. Со ова плаќање по учинок се казнуваат лекарите, а другиот персонал може да се шета? Колку се платите во другите сектори. Во некои гранки само со завршено средно училиште земаат луѓето по 28.000 денари плата - коментираат лекарите.
Тие велат дека плаќањето по учинок, не е реформа, туку е промашување на штета на лекарската фела. На генералниот штрајк поддршка ќе дадат лекарите од Штип. Во цела држава казнети се 400 лекари со плаќањето по учинок. Најавено е дека додека трае штрајкот ќе се примаат само итните случаи.