Мени

Чекаат авион од АРМ да скокаат со падобран

31.07.2012 11:14 | KumanovoNews

 Група од 12 ученици кои се на обука во Аеро клубот “Доне Божинов“ го поминаа теоретскиот дел, а сега се чека да им се одобри користење на авион од АРМ со кој на аеродромот Аџитепе ќе се изведуваат скокови со падобран.

Чекаат авион од АРМ да скокаат со падобран

Првата група заврши, ова е втора група со млади луѓе кои во просек имаат по 16 години. Ние и претходните години сме имале соработка со АРМ. За почеток прават по еден скок дневно, а потоа како напредуваат ќе има и по две скокања на ден. Неколку членови наши беа во Јагодина викендов и од 60 учесници поединечно земавме 13 место - велат од клубот.

Нив им претстои учество на натпревари за падобранство во Зрењанин и Параќин во септември.