Центарот за управување со кризи со национална стратегија
Се работи за дотраена цевка стара 30 години, која што во програмата на претпријатието ќе се замени во првите месеци на 2010 година и во натамошниот период нема да се случуваат вакви несакани дефекти - рече директорот Виктор Божиновски.
Wednesday, 16 December 2009 15:11
Денеска во Куманово се одржа состанок на Центар за справување со кризи од североисточниот регион. На средбата во просториите на Црвениот Крст, присуствуваа претставници од општините Куманово, Крива Паланка, Кратово и помалите општини...
каде беше презентирана национала платформа за намалување на ризици и опасности во државата. Документот и еден вид алатка изработена од Центарот која има цел да ги приближи надлежностите на регионално и локално ниво
Целта на состанокот е да се запознаат општините со оваа платформа за нејзината улога, надлежности и задачи кои произлегуваат од неа, бидејќи тоа е плански организиран документ за справување со ризиците и опасаностите. Притоа да се определат наредните активности што би следеле на регионално и локално ниво со сите субјекти кои учествуваат во справувањето со кризи - вели Душко Петровски раководител на сектор за операција и координирање при Центар за управување со кризи.
На состанокот меѓу другото беше заклучено дека поголем дел од општините немаат капацитет самите да се справат со поголемите ризици и опасности што би се појавиле во нивните средини, но со координирана акција на центарот сепак ќе се најде соодветно решение.